20.8 C
Скопје
16:50 - 21 октомври, 2026

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

Македонската манекенка Елена Реи, која изминатите години изгради успешна меѓународна кариера, се појави на модна ревија во Милано, каде што изгледаше прекрасно во креација на македонскиот дизајнер Марков.

Фото: Инстаграм/Елена Реи
Фото: Инстаграм/Елена Реи
Фото: Инстаграм/Елена Реи

Реи откри дека од вкупно 17 години поминати во модниот свет, дури 15 живеела и работела во странство, постојано патувајќи и запознавајќи различни земји, култури и луѓе.

„По 17 незаборавни години во модната индустрија, чувствувам дека дојде време да го затворам ова прекрасно поглавје и полека да започнам со пензионирањето. Отсега ќе бидам достапна само за директни ангажмани“, напиша таа.

Манекенката им се заблагодари на агентите, агенциите, клиентите, колегите и пријателите кои биле дел од нејзиниот професионален пат, но призна дека животот во модната индустрија имал и своја цена.

„Нема да се преправам дека секогаш беше лесно. Пропуштив многу моменти, родендени, прослави и време поминато со луѓето што ги сакам. Но, за возврат, добив искуства, спомени, сила, независност и уште многу повеќе“, порача Реи.

 

Како една од највредните работи што ги добила во текот на кариерата ги издвои луѓето кои ги запознала и искуствата што ги стекнала далеку од дома.

„Најдов пријатели кои станаа семејство, дом на неочекувани места, љубов и делови од себе кои можеби никогаш немаше да ги откријам поинаку“, напиша таа.

На крајот, Елена порача дека годините поминати во модната индустрија значително влијаеле врз нејзиниот живот и личниот развој.

„Ова патување ме обликуваше во личноста што сум денес и, искрено, не би променила ниту една работа“, заклучи таа.

Слични објави

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо
Се вчитува....