3.8 C
Скопје
07:01 - 2 октомври, 2026

„Мамо, види ме“: Личната приказна на Слаткар за пелтечењето посветена на мајка му, која ја живеела неговата борба

Почна снимањето на документарниот филм „Слушни ме“, кој ја отвора темата за пелтечењето и за предизвиците со кои се соочуваат децата и младите со говорни потешкотии. Дел од проектот е и раперот Марко Маринковиќ-Слаткаристика, кој никогаш не криел дека и самиот пелтечи и дека токму ритамот му помогнал да го пронајде својот начин на изразување.
Во еден од првите објавени делови од филмот се појавуваат момче кое пелтечи и неговата мајка. Тие отворено зборуваат за проблемите што ги носи говорната мана, но и за самодовербата, прифаќањето и односот на околината.
По објавувањето на краткиот дел од документарецот на социјалните мрежи, Слаткаристика добил голем број пораки од луѓе кои во приказните се препознале себеси или своите деца. Дел од нив ги сподели на својот инстаграм-профил.
„Здравооо! Како девојче што пелтечи од мала возраст, одвај чекам за овој филм! Благодарам за сѐ што имаш направено за сите нас и што нѐ мотивираш“, му напишала една девојка.


Слаткаристика ѝ одговорил дека и нему пелтечењето долго време му пречело, но дека со текот на годините научил да го прифати.
„Злато мое. И мене ми пречеше многу. Откако почнав гордо да си го носам, почна многу добро да ми стои“, ѝ одговорил раперот.
Особено емотивна е пораката од мајка на 14-годишно момче кое пелтечи. Таа му раскажала на Слаткаристика дека со години се борат со самодовербата на нејзиниот син и дека токму него му го посочува како пример.


„Марко, браво за кампањава. Знам, можеби и нема да го прочиташ ова, ама мене како мајка на дете кое пелтечи многу ми значи. Син ми е 14 години, од мал се бориме со самодовербата и стално му потенцирам како Слаткар станал голем човек и покрај пелтечењето“, му напишала таа.
Во продолжение додала:
„И само да знаеш дека фамилијарно многу те сакаме. Кога патуваме, секогаш прва на листа ни е ‘Јас имам некој’.“
На друга мајка, пак, ѝ било доволно да го види краткиот дел од филмот за да се препознае во приказната.
„Колку само се пронајдов во мајката и детето“, му напишала таа.
Одговорот на Слаткаристика беше:
„И мојата мајка се пронаоѓа“.


Токму односот со мајка му и неговото растење со пелтечењето добија уште една симболична димензија во една од следните објави на Слаткаристика. Тој сподели снимка од својот голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на Илинден, кога настапи пред илјадници луѓе.
На снимката Слаткаристика стои сам на сцената, со раширени раце пред осветлените телефони од публиката, а преку видеото напиша само:
„Мамо, види ме“.
Кадарот добива дополнително значење во контекст на „Слушни ме“, од дете кое растело со пелтечење и несигурност поради говорот, до музичар кој своите зборови ги кажува пред илјадници луѓе.
Документарецот „Слушни ме“, во режија на Радован-Раша Петровиќ и продукција на „ОХО продукција“, привлече големо внимание уште пред да почне снимањето, но првично поради сосема друга причина.
Во мај годинава беше објавено дека проектот добил 1,5 милиони денари, околу 24.000 евра, од Агенцијата за филм. Одлуката предизвика низа негативни реакции и коментари на социјалните мрежи, при што дел од јавноста го проблематизираше доделувањето државни средства за документарец во кој учествува познатиот рапер.
Од Министерството за култура и туризам тогаш објаснија дека „Слушни ме“ не е класичен биографски филм за Слаткаристика, туку проект со социјална и едукативна димензија, кој преку неговото лично искуство се занимава со пелтечењето и говорните и комуникациските потешкотии кај децата и младите.
По реакциите, Слаткаристика и екипата на филмот одлучија да се откажат од одобрените 1,5 милиони денари и проектот да го реализираат без тие средства.

Слаткаристика тогаш порача дека не сака филм чија суштина е разбирањето, прифаќањето и поддршката да започне со поделби во јавноста. Тој нагласи и дека средствата не му биле доделени нему лично, туку биле наменети за продукцијата и реализацијата на документарецот.

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....