9.8 C
Скопје
03:27 - 4 април, 2026

(Фото) Пред Филип, Александра Пријовиќ била во врска со двајца познати пејачи: Едниот сè уште многу ја сака!

Александра Пријовиќ, новата пејачка ѕвезда, феномен која ги полни арените до последно место со неколку концерти последователно ширум регионот, е во среќен брак со Филип Живоиновиќ, син на пораншенио тениски ас Боба. Филип, заедно со семејството, како и Брена (втората сопруга на Боба Живоиновиќ) се најголема поддршка на младата пејачка.

Од оваа перспектива изгледа како популарните Прија и Филип да се вечно заедно, но многумина забораваат дека пред него Александра имала романси со двајца многу познати пејачи.

Еден од нив е Љуба Перучица, кој денес како и Александра, е среќно оженет.

– Имавме многу бивши љубови. Таа е некоја што е позната, па затоа се заинтересираа таблоидите. Но, генерално и со секоја бивша кога си нормален во главата, и кога таа личност е нормална во главата, секако дека ќе застанеш, ќе прашаш „еј, како си, што правиш, дали си добро.. .“ – вели Перучица, на новинарско прашање во какви односи е денес со Прија, пренесува српски Пинк.

Според неговите зборови, тој и Прија се во пристојни односи.

„Јас навистина ја ценам и почитувам. Се што било, се случило одамна и не сме се разделиле во кавга, сепак имаш некоја историја, вели Перучица.

Вториот пејач со кој Алексаднра била во врска е Амар Гиле. Тоа било во периодот кога учествувале во натпреварот Ѕвездите на Гранд.

Тв Пинк, принтскрин

Гиле сам вели дека тоа не било некоја серозна врска, но дека и денес многу ја сака.

„Јас неа страшно ја сакам и за мене нема подобра пејачка од неа. Но тоа со неа беше занес, нешто детско, не беше тоа нкоја врска“ – изјавил Амар Гиле во една прилика за „Гранд њуз“.

„Присилно ја омажија за друг“: Ѓоле Ѓогани ја сретнал забранетата љубов по 40 години

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....