10:13 - 2 април, 2026

ФОТО | Не и било лесно на пејачката Катарина: Ме нападна пијан и дрогиран човек, кога го одбив ми удри шлаканица!

Познатата српска пејачка Катарина Живковиќ (31) неодамна раскажа дека пред неколку години била нападната после еден нејзин настап, но дека случајот не можела да го пријави во полиција, бидејќи човекот кој ја нападнал бил доста „лошо момче“.

– После настапот се упатив во бекстејџот каде ми пријде човек кого го знаев од порано. Беше пијан и дрогиран. Ме навредуваше, ме пцуеше, ме нарекуваше со погрдни имиња, бев изреволтирана, па му вратив со иста мера – започнала Катарина.

Катарина Живковиќ/Инстаграм

– Почна да ме допира, се нафрли на мене, а кога го одбив, ми залепи шлаканица. Бев исплашена, понижена и повредена. Бидејќи бев девојче, а тој опасно момче, кој ми се закануваше дека сешто ќе ми направи, не смеев да помислам да го пријавам случајот во полиција – додала пејачката.

Катарина истакнала дека ова се случило кога таа имала само 18 години.

– Да се доживее нешто такво на 18 години е навистина страшно. Јас на тој човек не му бев рамна по ниту едни параметри. Бев слабо девојче, кое во ниту еден момент не го предизвика да направи нешто такво. Се кренав и продолжив понатаму – рекла таа за „Хит“.

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....