12:49 - 27 ноември, 2026

(Фото) На Дара Бубамара ѝ прелеваат градите од корсетот: Пристигна на аеродром во жешко издание, а потоа се качи во својот мерцедес од 150.000 евра

Српската фолк пејачка Дара Бубамара вчера се појави на белградскиот аеродром дотерана од глава до пети.

Како и секогаш, Дара Бубамара беше во одлично расположение, па не ја симна насмевката од лицето, а нејзиниот провокативен стајлинг ги привлече сите погледи.

Имено, пејачката носеше краток бел корсет кој ги истакнуваше нејзините бујни силиконски гради, кои едвај стоеја во оваа мини облека.

Пејачката беше облечена цела во бело, а потоа се качи во својот скап автомобил мерцедес, кој се проценува дека вреди околу 150.000 евра.

Фотографиите од Дара Бубамара можете да ги погледнете – ТУКА.

Инаку деновиве беше актуелна уште една тема поврзана со Дара Бубамара. Пријателството помеѓу Дара Бубамара и Сека Алексиќ заврши пред неколку години, а Сека неодамна зборуваше за својата колешка.

Откако Алексиќ проговори за нивниот однос, сега се огласи и Дара. Имено, на еден градски настан, ја прашале дали постои можност за помирување со нејзината поранешна пријателка.

– Не знам, мене многу ми е смешна таа приказна, бидејќи јас некои работи не заборавам. Никогаш не го заборавам ножот во грб. Таа нема причина да се лути, можеби тоа е малку маркетинг за неа. Навистина немам ништо против неа. Ѝ посакувам нејзе и на нејзиното семејство сè најдобро. Но, таква сум јас, кога со некого ќе прекинам, кога некој ќе ме повреди, кога прави некои подмолни и расипани потези, повеќе не комуницирам со таа личност и тоа е тоа. Значи, не знам зошто ова потенцирање – рекла Дара.

 

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....