-2.2 C
Скопје
19:53 - 22 декември, 2024

(Фото) Моника Белучи ја искоментира емотивната фотографија на Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ: Сите се разнежија

Серијата „Ранетиот орел“ за многумина е една од омилените српски серии, а сите внимателно ја следеа љубовната приказна на главните ликови.

Иван Босиљчиќ и Слобода Миќаловиќ глумеа вљубена двојка која поминува низ бројни тешкотии, за конечно да дочекаат „среќен крај“ во серијата по книгата на писателката Мир-Јам.

Тие сега се потсетија на тие денови и објавија фотографија со девојчето кое ја глумеше нивната ќерка, како и фотографија 16 години по емитувањето.

– Деновите минуваат… 2008 наспроти 2024 година“, напишал Иван во описот на оваа фотографија која разнежи и воодушеви многумина.

 


Инаку, во прашање е Теодора Јелисавчиќ. Таа во 2008 година имаше само четири години и на првото појавување ги освои срцата на публиката. Таа се појави и во „Отворени врати“ во 2013 година, како и во неколку реклами, но потоа не беше видена никаде во јавноста, сè до оваа фотографија.

Се гледа дека малата Теодора пораснала во прекрасна девојка.

Коментарите под оваа објава се нижеле.

„Преслатка слика! Само се прашував како изгледа денес тоа слатко девојче! Порасна во прекрасна девојка… Останува мистерија како нејзините родители од серијата не стареат ниту ден?! Тие се подеднакво млади и убави како тогаш“, „Можно ли е да поминаа 16 години?“, но една особено го привлече вниманието на многумина коментарот од италијанската филмска дива Моника Белучи која остави емотикон на срциња.

Таа и Слобода станаа блиски пријателки на снимањето на филмот „На млечниот пат“ во 2013 година во режија на Емир Кустурица, а славната италијанска актерка често ги коментира фотографиите на Слобода.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....