05:23 - 10 ноември, 2026

(Фото) Модерна Баба Мразица: Хрватска пејачка облече раскошен фустан, тежок 15 килограми

Маја Шупут за финалето на музичкото натпреварување „Суперталент“ облече фустан тежок дури 15 килограми.

Хрватската пејачка, која беше во жирито на 10-та сезона на популарното натпреварување, го привлекуваше вниманието од емисија во емисија со своите необични изданија, а во последната емисија која се емитуваше ноќта спроти Божиќ реши да внесе примеси на празнична атмосфера.

„Вечерва како Маја Мраз. Не треба да гледате низ оџак или низ прозорец. Доволно е да ја вклучите Нова ТВ и ќе дојдам кај вас со еден клик. Свртете се во спектакуларното финале на ‘Суперталент’ и уживајте во најдобрата семејна забава“, напиша Маја под објавата на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Маја Шупут

Имено, пејачката облече долг црвен фустан, кој за неа го изработи хрватскиот стилист и дизајнер Марко Грубниќ, кој во оваа прилика за „Дневник“ изјави дека тоа е неговата верзија на божиќниот фустан.

„Многу жени работеа и многу, многу метри материјал беа искористени за фустанот. Кристалите на рамото се рачно сошиени, фустанот е изработен од црвено, прекрасно, божиќно кадифе со бели рабови. Ова е мојата верзија на модерна Баба Мразица, со прекрасна божиќна тоалета кој всушност е кринолина, а одоздола е фустан со корсет, исклучително тежок и голем. Маја е тежок професионалец, кој никогаш не се жали и навистина прави сѐ без проблеми, но овој пат тоа беше сериозен проблем бидејќи фустанот тежи 15 килограми“, изјави Грубниќ.

Фото: Инстаграм/Маја Шупут

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....