03:11 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во раскошниот дом на Никола Ѓуричко во Лос Анџелес: Малиот стан го заменил со луксузна куќа на два ката

Познатиот српски актер Никола Ѓуричко се прослави со улогите во бројни домашни телевизиски и театарски проекти, а кога доби улога во познатата серија „Stranger Things“, една од најпопуларните на платформата Нетфликс, одлучи да се пресели во Америка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filip Shobot (@filipshobot)


Во договор со сопругата Љиљана и децата, замина дури на друг континент.

Домот на Никола Ѓуричкo во Америка на почетокот бил мал стан, но сега тоа е луксузна двокатна куќа со модерен мебел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Djuricko (@nikoladjuricko)


Шарени покривки, сини полици, тепих со интересни дезени, огромен телевизор, сето тоа можеме да го видиме на фотографиите кои Никола ги споделува на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Djuricko (@nikoladjuricko)


Никола неодамна откри како изгледа секојдневието на семејството Ѓуричко во Лос Анџелес.

– Појадуваме заедно, а потоа Љиља го носи Ѓорѓе на училиште, кое е многу блиску, додека јас ја возам Наџа до нејзиното училиште. Во автомобилот слушам ЦД-а за учење шпански јазик. Потоа ги извршуваме дневните обврски, се подготвуваме за тест за возење, го истражуваме градот, се справуваме со бирократијата, читаме сценарија, се дружиме со пријателите… Обично, како и сите други – рекол во една прилика за „Глорија“.

Ѓуричко ги одушеви сите кога се појави во Белград за да глуми во продолжението на филмот „Молња“, а потоа и кога дојде да го претстави својот музички бенд и првиот албум.

Никола е фронтмен на бендот, пее и свири на гитара, а исто така е и автор на две песни, додека другите членови се Срѓан Миленковиќ, тапанар и Саша Паниќ Мексико на бас гитара.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....