13:00 - 7 ноември, 2026

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Македонскиот фризер и шминкер Марјан Петров деновиве престојува во Милано, каде што го прослави својот роденден, но и имаше можност да се сретне со две светски ѕвезди – Адријана Лима и Сијара.

Петров дел од атмосферата од престојот во Италија ја сподели на својот профил на Инстаграм. Роденденот го одбележал во ресторан во друштво на блиски пријатели, а меѓу гостите била и српската пејачка Слаѓа Алегро, со која долги години негува пријателство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrov (@marjan__petrov)


Покрај фотографиите од роденденската прослава и тортата украсена со шумско овошје, македонскиот шминкер ги изненади следбениците и со фотографија со славната манекенка Адријана Лима.

„Само еден опуштен момент со Адријана Лима“, напиша Петров покрај фотографијата од нивната средба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrov (@marjan__petrov)


Набргу потоа следуваше уште една објава со познато име. Петров позираше и со американската пејачка Сијара, а фотографијата исто така ја сподели со своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrov (@marjan__petrov)


Така, роденденското патување во Милано за Петров помина во знакот на дружењето, прославата и неочекуваните средби со познати личности од светската модна и музичка сцена.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....