11.8 C
Скопје
20:26 - 3 април, 2026

(ФОТО) КИРИЛ ПОП ХРИСТОВ Е ГОРД ДЕДО: Ова се внуците на актерот од двете ќерки, постариот Аниш Круз и помалиот Каи

Актерот Кирил Поп Христов, познат на македонската јавност и како Кили е горд дедо на две внучиња. Постарот внук актерот го доби од својата помала ќерка Јоана.

Преслаткиот Аниш Круз Родригез Деан има скоро две и пол години. Последното презиме на внукот е од мајката на Јоана, познатата македонска кореографка и професорка по современ танц, Гордана Деан Поп-Христова.



Јоана е во брак со Родригез Сориа Хосе Луис, а малиот Аниш Круз е плод на нивната љубов. Јоана остана да живее во Еквадор, заедно со своето семејство и семејството на својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Dean G (@ninadean)


Сестрата на Јоана, актерката Нина Деан, неодамна стана мајка и заедно со својот партнер го добија своето прво дете. Нина мината година ја прифати понудата за брак од својот партнер Мартин Ивановски со кого беше неколку години во врска, а малечкиот Каи кој има само година и пол е плод на таа љубов.

Кили и Гордана се горди баба и дедо на своите внуци.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....