6.8 C
Скопје
08:45 - 1 април, 2026

ФОТО | Ќерката на Хајди Клум заблеска на насловната страница на „Вог“: Ѝ благодарам на мајка ми за се!

Американската манекенка со потекло од Германија, Хајди Клум (47) и нејзината ќерка Лени (16) се појавија на насловната страница на „Вог Германија“ за 2021 година.

Имено, 16-годишната ќерка Хајди Клум изгледа исто како нејзината мајка, па сега реши да се испроба и самата во светот на модата.

Ова е прва насловна страна за Лени во модно списание, а за таа прилика младиот надежен модел позираше со својата мајка.

Лени носеше розови панталони, сина јакна и зелена маица под неа, додека поранешниот супермодел носеше сини панталони и розова јакна, а на сликата се гледа како ја бакнува својата ќерка.

Лени за магазинот Вог изјави:

„Прашање на време беше кога ќе се обидам како модел. Првата понуда пристигна кога имав само 12 или 13 години од брендот кој обожавав да го носам „Бренди Мелвил“. Тогаш ја молев мајка ми, но немаше шанса! Сега разбирам дека ќе беше рано тогаш“, рече таа.

„Прекрасна си“, „Како сестри“, „Невозможно, како Лени порасна- ти си како близнак“, беа само дел од позитивните коментари под објавата.

Хајди Клум и Лени/Инстаграм

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....