08:08 - 25 февруари, 2026

(ФОТО) ЌЕРКАТА НА ЏАНЛУКА ВАКИ И ШЕРОН НАПОЛНИ ЕДНА ГОДИНА: Ќе се воодушевите од роденденските декорации

Познатиот италијански бизнисмен, диџеј и ѕвезда на социјалните мрежи Џанлука Ваки, секојдневно ужива во љубовта на неговите најсакани дами, 27 години помладата свршеница Шерон Фонсека и нивната прекрасна ќерка Блу Ерусалема која неодамна го прослави својот прв роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

Прославата беше организирана во дворот на раскошната вила во Мајами Бич на Флорида. Прекрасната вила е совршено место за семејните прослави на семејството. Целата во бела боја и земјени тонови, полна со светлост, додека наместо ѕидови секаде има лизгачки врати со што гостите ќе може да уживаат во неверојатниот поглед кон прекрасното зелено пространство или семеен двор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Fonseca (@sharfonseca)


Парот ја доби Блу кон крајот на 2020 година, а за неа тато Џанлука приреди спектакуларен дочек и тоа го сподели на својот инстаграм – профил кој го следат милиони следбеници. Подоцна се дозна дека малата е родена со спина бифида- расцепено непце, поради што беше подложена на операција, а парот отворено зборуваше за здравствената состојба на нивната ќерка – херој која закрепна многу брзо.


Џанлука и Шерон донираа и средства за многу дечиња кои ја имаат истата состојба како нивната Блу чии родители немаат пари за операција со цел да им помогнат и на тие дечиња да живеат нормален живот.


По повод првиот роденден на Блу, нејзнината семејна куќа беше претворена во неодолива приказна. Огромна торта, магини кукички, животни, пеперутки, многу интересни украси, балони и артисти кои го направија роденденот магичен.


Дворот на Блу беше претворен во вистинско царство, а џиноската роденденска торта ја красеа и членовите на семејството како тато Џанлука, мама Шерон, но и целиот вработен персонал во нивниот дом, милениците и целото семејството на малечката принцеза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cotilleando latino (@cotilleolatino)

Џанлука на својата единица и го честиташе роденденот со емотивна објава на својот инстаграм – профил проследена со фотографија од нивното прво запознавање и првата прегратка.

Џанлука и Шерон се запознале на снимањето на еден музички спот, кога се вљубиле еден во друг. Исто така, двајцата постојано истакнуваат дека воопшто не им пречи разликата во години, па се шегуваат дека Џанлука има енергија на 15-годишно момче.

Слични објави

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо
Се вчитува....