7.8 C
Скопје
19:48 - 1 април, 2026

(ФОТО) ЌЕРКА МУ СЕ ВРАТИЛА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА СВЕТОТ: Раде Шербеџија објави празнична семејна фотографија

Актерот Раде Шербеџија на својот официјален „Фејсбук“ профил објави фотографија со сопругата Ленка и ќерките Нина, Вања и Милица.

По тој повод тој им го честиташе Божиќ на своите следнбеници, кои ги има околу 190.000 и откри дека за прв пат по две години Божиќ го поминал со својата ќерка Вања.

„Откако не ја видовме две години, нашата ќерка Вања дојде кај нас од далечната Австралија. Уживаме заедно и им посакуваме среќен Божиќ на сите што слават“, напиша 75-годишниот Шербеџија во описот на фотографијата на „Фејсбук“.

Семејната фотографија на познатиот актер им се допадна на 30.000 корисници на „Фејсбук“.

Вања Шербеџија е родена во Лондон, а досега живеела во Индија и Виена каде дипломирала психологија. Последните две години од животот ги поминала во австралискиот град Бризбејн студирајќи право и волонтирајќи во правно советувалиште. Таму живее со своето момче Филип Бирчанин, а како што тврди, по Австралија најверојатно заедно ќе патуваат во Европа бидејќи сакаат да бидат блиску до своите семејства.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....