7.8 C
Скопје
09:24 - 31 март, 2026

ФОТО: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја објавија фотографијата од божиќната честитка – Сите ги освои палавата насмевка на принцот Луис

Како и секоја година, светот и овој пат со нетрпение очекуваше британското кралско семејство, поточно Кејт Мидлтон и принцот Вилијам да ја објават фотографијата за Божиќната честитка од нивното среќно семејство.

Фотографијата и овој пат ги освои сите, а иако во поголем број од случаите главна ѕвезда во ова семејство е принцезата Шарлот, овој пат тоа место и го „одзема“ помладиот брат, принцот Луис.

Најмладите членови на семејството од Кембриџ, принцовите Џорџ (7) и Луис (2) и принцезата Шарлот (5) и овој пат го украдоа целото внимание на официјалната божиќна честитка која ја сликаше фотографот Мат Портеоус на нивниот селски имот во Норфолк – „Anmer Hall“.

Како што напиша нивниот портпарол во објавата „Војводата и војвотката од Кембриџ со радост ја споделуваат новата фотографија од нивното семејство, која оваа година се најде на божиќната честитка“.

Петочленото семејство позира во удобни, топли џемпери, седнати на бали од сено, додека зад нив се наоѓаат исцепени дрва. Сето тоа и дава посебна магија на фотографијата.

Принцот Луис сепак испадна највпечатлив, освојувајќи ги срцата на публиката со својата палава насмевка.

Честитката официјално е отпечатена и испратена со сите кралски семејства, пријатели, како и високи државни функционери од целиот свет со кои кралството редовно комуницира.

Освен Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, божиќна честитка објавија и принцот Чарлс и Камила, кои на фотографијата позираа на дрвена клупа во градина преполна со цвеќиња.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....