19:52 - 11 ноември, 2026

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ го прослави својот 21. роденден, а неговите најблиски се погрижија денот да му остане во посебно сеќавање.

За неговиот роденден тие му приредиле изненадување кое очигледно многу го трогнало. На неговата адреса пристигнале торти украсени со роденденски свеќички, но и со фотографија од Јаков од детството.

Пејачот не успеал да го сокрие воодушевувањето. Цело време бил насмеан, а потоа ја замислил својата желба и ги дувнал свеќичките.

Моментите од прославата на роденденот на Јаков Јозиновиќ биле објавени и на социјалните мрежи, каде што неговите следбеници можеа да видат како изгледало изненадувањето.

Во меѓувреме, интересот за Јаков не престанува, особено поради неговата наводна блискост со пејачката Џејла Рамовиќ.

Двајцата веќе извесно време го привлекуваат вниманието на јавноста поради наводите дека се во романтична врска. Сепак, ниту Јаков ниту Џејла досега јавно не ја потврдиле, но ниту ја демантирале таквата приказна.

Неодамна тие повторно биле забележани заедно на приватна прослава во Белград, а потоа се појави и снимка на која се гледа Џејла меѓу публиката на концертот на Јаков во Винковци.

Ова не е првпат двајцата да бидат фотографирани или снимени заедно во јавност. Шпекулациите за нивната наводна љубовна врска траат веќе неколку месеци, откако на „Инстаграм“ („Instagram“) се појави снимка на која Јаков ја бакнува Џејла.

И покрај големиот интерес на јавноста, ниту еден од нив досега не се огласил јавно за овие наводи.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....