19:12 - 11 ноември, 2026

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

Адријана Алачки сподели интересна случка зад камерите и покажа што се случувало само неколку минути пред снимањето на нејзината емисија „Везилка“.

Откако фризерот не успеал навреме да пристигне во студиото, на помош ѝ пристигнала нејзината гостинка, пејачката Анета Љумаковска-Размоски.

Алачки објави фотографии од шминкерницата, на кои Анета со чешел во раката ѝ ја средува косата пред почетокот на снимањето.

„Ова се вика ‘една колегијална’. Бидна и фризурата, ама кој ми ја правеше?“, напиша таа на почетокот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrijana Alacki (@adrijanaalacki)


Потоа откри дека до почетокот на снимањето останувале само пет минути, а фризерот објективно не успевал да стигне навреме.

„Зад секој кадар и рефлектор, вистинските моменти се случуваат во шминкерницата – далеку од очите на јавноста.

Кога одбројуваш едвај уште 5 минути до ‘акција’ и влегуваш во студио, а фризерот објективно не стигнува… На сцената стапува Анета Љумаковска-Размоски.

Кој вели дека нејзиниот талент е ограничен само на микрофонот и песна?

Со ретка професионална несебичност и без двоумење зеде чешел во рака и едноставно рече: ‘Дај, јас ќе ти помогнам!’

Ете тоа е одлика на вистински колега — природна емпатија“, напиша Алачки.

Анета била гостинка во „Везилка“, емисијата на Алачки посветена на македонската музика и традиција, а благодарение на нејзината брза интервенција, и фризурата била подготвена навреме за снимањето.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....