3.8 C
Скопје
23:42 - 20 декември, 2024

(ФОТО) ИВОНА ЈО Е НАШАТА МОТИВАЦИЈА НА ДЕНОТ: Резултатите се повеќе од видливи

ивона јо

Нашата пејачка Ивона Ивановиќ од Куманово попозната како Ивона Јо е една од жените која нема проблем да зборува за себе, за своите успеси и падови, емоционални и физички транзиции…

Ивона со години мотивира и инспирира на социјалните мрежи, споделувајќи лични искуства, помагајќи им на другите полесно и побрзо да се соочат со „своите демони“, да се сакаат и да се борат да видат нова и подобра верзија од самите себеси.

ИВОНА ЈО НА КРАТЕЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ ВО ТУРЦИЈА: На пат кон здрава верзија на себеси

Пред еден месец Ивона со своите пријатели и бројни следбеници сподели дека се решила за нов чекор во нејзиниот живот и дека на 26 август заминала во Туција на кратење на желудникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Вчера, нешто повеќе од месец дена поминувајќи низ макотрпниот процес на закрепнување, Ивона на својот иснтаграм-профил сподели фотографија со емотивен опис.

„Ден за ден секое парче гардероба кое го носев пред месец дена различно стои на мене. Овие тренерки беа омиленото парче гардероба но за жал ќе мора да земеме друг пар со минимално два конфекциски броја помали. Паника ме фаќа кога ќе сакам нешто да облечам од порано, а парчето во последен момент ќе ме издаде и ќе ми најави дека е време за промена. Океј… ќе го направам тоа“, пишува Ивона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Ивона вели дека ова е една од најголемите победи во нејзиниот живот, победа која значи живот. „Збогум 20 килограми ќе се видиме-никогаш! Денес славам 1 месец пост оперативно!“, пред неколку дена напиша таа.

„Како се чувствувам? Обновено и видливо среќно. Цел месец се трудев да воспоставам контакт со себе и да научам за добрите и лошите навики во исхраната. Имаше кризи во кои видов кои моменти предизвикуваат слабост кај мене. Порциите се малечки но редовни и полни со витамини, протеини, масти и ќе залута некој јаглехидрат. Секој кога ќе ме сретне ме прашува: Ивона како си? Мојот одговор е секогаш Фала му на бога и на универзумот енергично и добро. Многу ми беше важно да ја вратам енергијата за да почнам да ги извршувам нормално секојдневните активности(а за скоро време ќе се вратам и на настапи). Визуелната слика е видлива но внатрешното задоволство е уште поголемо и најважно за мене. Крвната слика ко на бебе. Кон тоа и се стремев“, откри Ивона Јо.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....