17:51 - 1 април, 2026

(Фото) Хаос на концерт на Миле Китиќ: Се степале група мажи пред клубот каде настапувал пејачот

Српскиот пејач Миле Китиќ неодамна имаше настап во еден клуб во босанскиот град Сребеник, а според видеото кое кружи на социјалните медиуми – дошло до инцидент.

На страницата на Инстаграм „Црна хроника БиХ“ е објавено видео на кое се гледа како мажи се тепаат пред клубот. По некое време, пристигнале и полициски службеници, кои ги раздвоиле мажите.

Не се знае дали инцидентот се случил внатре во клубот, но сигурно е дека не ја прекинале забавата бидејќи на видеото се слуша како некој сѐ уште пее во клубот.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Црна хроника БиХ

Истовремено, сопругата на Миле – Марта Савиќ ужива далеку од Србија, поточно во Доминиканската Република.

Таа своевремено проговори за шпекулациите за нејзиниот брак со пејачот и откри каква врска имаат тие.

„Јас и Миле не се караме. Не се сеќавам кога сме се скарале за нешто. Можеби кога Елена беше мала. Се разбираме и кога молчиме. Ние сме си љубов и поддршка еден на други и наскоро планираме да се венчаме во цркв“, откри таа, а потоа се осврна на негативните коментари за нејзиниот „отворен брак“.

Фото: Инстаграм/Марта Савиќ

„Ги поминавме сите фази од животот и заслужуваме да живееме слободно и опуштено. Отворени сме еден за друг и ја достигнавме возраста кога сакаме да живееме во мир, без непотребни прашања. Животот ни е доволно бурен поради работата, а да се биде успешен сите овие години не е лесно. Заедно сме и кога не сме. Секоја одлука ја носиме со договор. Можеби им сме чудни на другите, но би рекла дека сме повеќе од нормални“, изјавила таа.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....