14:29 - 3 април, 2026

(Фото) Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето: Милош Биковиќ излезе од породилиште, но едно не можеше да сокрие

Српскиот актер Милош Биковиќ, кој на 9 јануари стана татко, денеска ги посети својата свршеница Ивана Малиќ и новородениот син Василиј во породилното одделение, од каде си замина со широка насмевка на лицето, пишува српски „Курир“.

Среќниот и горд татко денеска ги посети својата партнерка Ивана Малиќ и нивниот син кој неодамна го добија, каде помина извесно време, а потоа расположен си замина и им се насмевна на присутните фоторепортери, иако не сакаше ништо да коментира за присутните медиумски екипи.

Фотографиите од Милош Биковиќ по посетата на свршеницата и синот можете да ги погледнете – ТУКА.

Милош Биковиќ претходните денови го прослави раѓањето на синот Василиј, а на прославата беа неговите колеги и пријатели, меѓу кои Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Ања Алач, Јелисавета Орашанин и многу други.

Тие славеа, пееја, играа, а гордиот тато Милош Биковиќ држеше искината маица на главата и виски во раката.

 


Инаку, Биковиќ веќе на 13 јануари го слави 36-от роденден, а името на наследникот не е случајно избрано. Имено, во текот на денот се одбележува Свети Василије. Многумина мислеа дека ќе го изберат името Стефан за прво дете бидејќи е роден на 9 јануари, но тоа име не било во игра.

Патем, Василиј е популарно име и превод на грчкиот збор „basileios“, што значи царски или кралски, но значи и растение босилек, на кое му се припишуваат многу корисни ефекти.

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....