7.8 C
Скопје
09:45 - 30 март, 2026

(Фото) „Фала ти што постоиш“: Денеска е најпосебниот ден во животот на Огњен Амиџиќ

Огњен Амиџиќ наскоро повторно ќе го каже судбоносното „да“, овој пат на избраничката Мина Наумовиќ, која е во блажена состојба.

Сепак, 29 ноември е најпосебниот датум во годината во животот на популарниот водител, бидејќи тогаш е роден Матија, синот на Амиџиќ и неговата поранешна сопруга Данијела Димитровска.

Наследникот на Амиџиќ денеска слави јубилеен десетти роденден, а гордиот тато не крие колку е среќен што Матија порасна во паметно, здраво и воспитно момче.

Во синоќешната емисија од „Амиџи шоу“, кога помина полноќ, Амиџиќ му се обрати на Матија со емотивни зборови, по што доби громогласен аплауз во студиото.

„Би сакал да му го честитам роденденот на мојот Матија, помина полноќ… Матија, легендо, да си жив и здрав, ти благодарам што се роди. Она што си го посакувам себеси, ти го посакувам и на тебе – петпати повеќе. Посакувам да си жив, здрав и среќен“, изјави водителот.

Потоа, водителот објави и заедничка фотографија со синот на Инстаграм.

„Матија, среќен роденден. Те сакам засекогаш. Нека те следи среќата и ти благодарам што постоиш“, напиша тој во описот на сликата.

Фото: Инстаграм/Огњен Амиџиќ

По разводот на бракот со Данијела Димитровска, Огњен Амиџиќ е стопроцетно присутен во животот на синот Матија, иако детето живее со мајка си. Таткото и синот се обидуваат секој слободен момент да го поминат заедно, а малиот Амиџиќ е пресреќен што наскоро ќе добие брат или сестра.

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....