22:38 - 10 јануари, 2026

(Фото) Еве како денес изгледа синот на Тито: Ретка фотографија сподели внуката Саша Броз

Внуката на Јосип Броз Тито, Саша Броз објави фотографија со родителите од ресторанот и на тој начин ги допре срцата на нејзините следбеници.

Таа позира во прегратка со нејзиниот татко Миша (82) и мајката Мира, а објавата ја означи со „Тие се СЕ“ и на овој начин им порача на своите следбеници дека никој и ништо не може да ги замени нашите родители.

„Да, тие се се, секогаш ќе те слушаат, секогаш ќе ти помагаат и ќе бидат тука за тебе“, „Многу ми е убаво што те гледам“, „Уживај со нив“, „Сè додека твоите родители се живи , ти си нечие дете“, „Никој и ништо не може да ги замени родителите“, гласат дел од коментарите.

Таа во една прилика за хрватските медиуми откри колку ја поддржува семејството.

– Во секој случај, најважно и најголемо влијание врз моето формирање како личност имаше моето семејство, моите родители. Со текот на годините, човекот мора да знае како да се насочува, но семејството е секогаш тука да внимава на чувањето на вашиот грб. Денес, младите луѓе често го наоѓаат својот пример во инфлуенсерите наместо да бидат саите за себе инфлуенсери. Младите, и не само тие, имаат потреба да му веруваат на некој друг, кој е платен да рекламира нешто, а не на себе, на нивните вкусови, потреби и желби. Социјалните мрежи ги користам речиси исклучиво за да ја претставам мојата работа, да објавам нов проект или датуми на некои мои настапи, изјави тогаш внуката на Тито.

Саша е во брак со актерот Ранко Зидариќ, со кого ја доби ќерката Сара, на која е исклучително горда.

Инаку, Тито го доби синот Александар Миша Броз со својата трета сопруга Херта Хас, која воедно беше и неговата прва невенчана сопруга. Нивниот брак траеше до почетокот на Втората светска војна во 1941 година кога Тито го напушти Загреб и се пресели во Белград. Херта остана во Загреб, каде што набргу се породи и го роди синот Александар Миша.

 

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....