15:58 - 1 април, 2026

(Фото) Едно име е со здебелени букви: Се појави список на пејачи чии песни се забранети да се пуштаат на протестите

На социјалните мрежи се рашири фотографија од една белградска гимназија, на која може да се види список на „режимски изведувачи“. Станува збор за музичари од Србија чии песни се забранети да се пуштаат на протестите во Србија.

На врвот на таа листа на „режимски изведувачи“ е пејачот Аца Лукас, а интересно е што името на Јелена Карлеуша е дури и со задебелени букви.

Покрај нив, тука се и Ацо Пејовиќ, Амадеус бенд, Анѓела Игњатовиќ – Бресквица, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Дадо Полумента, Гога Секулиќ, Харис Џиновиќ, Лепа Лукиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Жељко Самарџиќ, Сара Јо, Неда Украден и многу други.


Да потсетиме, протестите во Србија беа поттикнати од смртта на 15 луѓе и тешката повреда на две лица при падот на настрешницата на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад, а несреќата се случи на 1 ноември минатата година. Дел од јавноста во Србија смета дека власта и изведувачите на настрешницата се одговорни за трагедијата, обвинувајќи ги за небрежност и корупција.

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....