34.2 C
Скопје
16:39 - 2 август, 2026

(Фото) Ќерката на српската пејачка работи за Трамп, била дури и на инаугурацијата и балот!

Српската пејачка Катарина Каја Остојиќ на 19 години ја родила ќерката Николина, од првиот брак со кошаркарот Никола Драгојловиќ.

Николина денес има 22 години, а пејачката не крие колку е горда на својата наследничка. Имено, Николина со години живее во Америка каде што студира и сама си го трасира патот до успехот. Интересно, Николина успеала да се вработи во агенцијата која работи на маркетинг кампањата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Николина се нашла во првите редови на инаугурацијата на Доналд Трамп, а потоа и на балот каде привлекла големо внимание.

 

 

Каја на Инстаграм објавила неколку нејзини фотографии со натпис: „Колку сум горда на тебе. Ти си родена за големи работи. Те сакам“.


Каја еднаш изјавила дека е пресреќна што нејзината ќерка пораснала во прекрасна девојка.

– Николина порасна во прекрасна девојка, многу сум горда на неа, сите ја фалат. Таа е голем работник, навистина се труди, во една година завршува две, учи постојано, дење и ноќе. Секогаш ѝ бев поддршка, дури и кога реши да оди во Америка. Иако ми беше тешко, ја поддржав, како и секогаш. Едноставно ја разбирам кога вели дека не сака да се врати од Мајами. Искрено, и јас не сакав да се вратам – рекла тогаш Каја.

На нејзината убавина не можел да одолее дури ниту Роко, синот на поп кралицата Мадона! Тие двајца пред неколку години се виделе во Вербие, одморалиште на швајцарските Алпи, за што дури пишувале и светските медиуми, а и самата Каја тогаш искоментирала:

– Тоа се детски игри. Јас знам дека имам убаво дете и не се сомневам дека му се допаднала. Сепак, ако ме прашате мене, дали би можела да избирам, би сакала Мадона да ми биде сваќа – изјавила тогаш Каја за „Курир“.

Слични објави

(Фото) Овој детаљ секогаш го носи на себе: Слобода Миќаловиќ во модерен костим за капење на едно рамо, изгледа подобро од пред 20 години

Еспресо

Емотивен момент на концертот во Сараево: Дино Мерлин јавно ја искажа својата љубов кон сопругата Амели првпат на овој начин

Еспресо

Сочните коцки со свежи праски се вистинско летно совршенство – се подготвуваат лесно и секогаш успеваат

Т.Ц.

Јелена Карлеуша се смири со Душко, па шокираше: Имам чувство дека сонувам, ќе биде како бајка

apostolova

На секој час станете и прошетајте: Оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Проѕирен комбинезон и долна облека во боја на кожа: Провокативното издание на Николина Пишек, реагираше и нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....