01:32 - 13 ноември, 2026

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Ана Николиќ веќе подолго време е во турбулентна врска со Горан Ратковиќ Рале, која, според сите проценки, ќе биде крунисана со брак и тоа пред Бога!

Иако досега Ана веќе неколку пати јавно раскинала со Рале, обвинувајќи го за лажење и предавство, сепак секој пат успевале да ги надминат несогласувањата, па пејачката неодамна во манастирот Раковица се распрашувала за сите детали и документи кои се неопходни за да се венчаат во црква.

Фото: Инстаграм

Неименуван извор, кој бил на лице место, ги кажал сите детали од посетата на Ана на манастирот, каде е погребан српскиот патријарх Павле.

– Ана дојде во манастирот во утринските часови. Имаше долг фустан и капут, а на главата, како вистинска христијанка, шамија што ја врзуваше, за да не влегува со гола глава во светилиштето. Таа ги сокри очите од љубопитните со големи очила за сонце. Штом влегла во манастирот, таа отишла на гробот на упокоениот патријарх Павле, каде останала неколку минути во молитва. Потоа купила свеќи, а потоа отишла во црквата, каде што исто така се помолила. Кога го завршила сето тоа, отишла кај дежурниот свештеник во манастирот, каде што разговарале и како што успеав да слушнам, ја интересираше што кои документи ѝ требаат за да се венча во овој манастир. Кога ги добила сите потребни објаснувања, Ана љубезно се заблагодарила и рекла дека наскоро повторно ќе дојде за да се договорат другите детали, претпоставувам терминот – рекол соговорник.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....