7.8 C
Скопје
22:47 - 1 април, 2026

ФОТО: Актерката Хали Бери е секси во маичка на своето момче!

54-годишната актерка деновиве привлече огромно внимание на социјалните мрежи покажувајќи му љубов и поддршка на својот сакан.

Таа објави совршена фотографија на која позира како модел за брендот на нејзиното момче, музичарот Ван Хант.

Бери позираше само во маица, на која се гледа дека ужива во стикот на инфлуенсер со кафеава капа и пијалок во раката.

Хали Бери

Таа и во септември сподели слична фотографија кога ја потврди својата врска со 50-годишниот музичар на која изгледаше исто толку секси како и на оваа фотографија.

Хали Бери

Нејзините објави од приватниот живот секогаш предизивкуваат многу коментари, а овојпат, Хали очигледно била во добро расположение па дури и размени коментари со некои од нејзините обожаватели.

„Зарем не е неверојатна добрата љубов?“, коментираше еден нејзин обожавател, на што Бери одговори: „Да, навистина е!“

Хали Бери

Актерката воопшто не е срамежлива за фактот дека позади себе има три неуспешни брака и уште еднаш потврди дека е во сосема друга фаза во животот во која навистина ужива.

„Кога никогаш не си била проблемот „ти“… туку само твојот лош избор на мажи. Ова е прекрасно“, напиша еден нејзин обожавател.

„Разбирам што зборуваш. Учиме додека сме живи“, одговори Бери.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....