6.8 C
Скопје
03:33 - 23 март, 2026

(ФОТО) АИРЛИЈА! СЕ ОЖЕНИ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ: Сопругата организирала матичар и прослава без знаење на актерот!

Драган Спасов – Дац денес го слави својот 59-ти роденден, а вчеравечер актерот по втор пат заплива во брачните води. Без да знае, во тајност и со помош на најблиските пријатели, неговата долгогодишна партнерка, а сега веќе и официјална сопруга, Весна Терзиевска организирала матичар и мини прослава во еден познат скопски ресторан.


Актерот на својот фејсбук – профил сподели и фотографија од свадбената прослава, заедно со невестата која е облечена во џинс, бела спортска маица и палто, а на главата носи вел.

„Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак. Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!“ – напиша актерот во описот на објавата.

По споделувањето на убавата вест, фејсбук – профилот на Дац беше преплавен од бројни честитки како од пријателите и колегите, така и од бројните фанови и следбеници на актерот.

Честитки Дац и Весна!

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....