После 11 сезони од популарната серија „Модерно семејство“, снимањето е при крај. Актерката Софија Вергара (47), која со години ја глумеше Глорија Делгадо – Причет, објави неколку фотографии од сетот.
„Последен пат што снимаме во оваа кујна“, напиша покрај фотографијата на која позира со Рик Родригез (21), кој во серијата го глумеше нејзиниот син Мени.
Таа позираше и со Џеси Тајлер Фергусон (44), кој го глумеше Мичел Причет.
„Моето модерно семејство“, напиша Софија.
Сите актери од серијата се простуваат од сетот, снимањето и колегите, објавувајќи драгоцени моменти од серијата. Обожавателите на серијата се тажни што се приближува крајот на снимањето на серијата.
„Ќе плачам. Веќе ми недостасувате“, гласел еден од многуте коментари.
Последната епизода од „Модерно семејство“ треба да се емитува на 8 април на ABC каналот. Серијата освои повеќе од 20 Еми награди и за многу повеќе беше номинирана.
„Ќе ми недостигаат луѓето од сетот. Екипата е неверојатна и ги обожавам сите. Посебни се“, изјави неодамна Сара Хиланд (29), која ја глуми бунтовната Хејли.
Телевизиската мрежа ABC најави дека на 11 март три саати ќе ги емитува најдрагите епизоди од „Модерно семејство“ на гледачите. На Твитер е отворено гласање каде што гледачите можат да се изјаснат кои епизоди сакаат да ги гледаат тој ден. Ќе се емитува и првата епизода од првата сезона и уште 5 кои ќе добијат најмногу гласови од публиката.