-0.2 C
Скопје
18:44 - 22 декември, 2024

По вкусот на славниот режисер: Мартин Скорсезе ви препорачува филмови

Ги издвојуваме филмовите кои не се негови, но тој им ги препорачува на филмските сладокусци.

Мартин Скорсезе е еден од најславните режисери на сите времиња, со огромен број филмски хитови на своето портфолио. Скорсезе го сакаме поради „Добри момчиња“, „Авијатичар“, „Таксист“, „Бојата на парите“, „Хуго“ и многу други антологиски остварувања.

Но, во оваа прилика ги издвојуваме филмовите кои не се негови, но тој им ги препорачува на филмските сладокусци.

Минатиот месец на Нетфликс беше објавен последниот филм на Скорсезе – „Ирецот“, кој беше извонредно прифатен од публиката. Затоа и сметаме дека токму во овој момент треба да ја претставиме неговата лична видеотека.

1. „2001: Одисеја“(1968)

Ремек-делото на Стенли Кјубрик може да се пронајде помеѓу омилените филмови на повеќето филмаџии, а исклучок од тоа правило не е ниту Скорсезе. Режисерот за „2001: Одисеја“ пред неколку години кажа дека му е најомилениот филм.
– Потребна е голема храброст и моќ за да се запре со целиот прогрес и публиката да биде вратена во праисторијата. Кјубрик со тој филм ни порача на сите дека ќе нè однесе на едно патување, на кое ќе доживееме неверојатно искуство – истакна Скорсезе.

Youtube

2. „8 1/2“(1963)

– „8 1/2“ за мене претставува темелник на сето она што го сметам за вредно – ова Скорсезе го има изјавено за култниот автобиографски филм на Федерико Фелини.
– Слободата, чувството за иновативност, за внатрешниот порив и физичкото поместување на камерата, како и целокупната композиција. Филмот беше инпсирација за многумина кои подоцна настапија.

Image result for 8 1/2

3. „Пепел и дијаманти“(1958)

Филмот „Пепел и дијаманти“ од режисерот Андреј Вајда, Скорсезе го опишува како ноќна мора од која не можете да се разбудите. Филмот следи приказна која настапува кратко по Втората светска војна, следејќи ја судбината на еден полски војник, кој учествува во антикомунистичкото подземје, кој доживува егзистенцијална криза кога добива задача да го убие лидерот на Полската работничка партија.
– Филмот ја има моќта на халуцинацијата. Можам да ги затворам очите и да ми пројдат флешовите од сцените што ги имам видено пред 50 години – открива режисерот.

Imbd

4. „БлеКККлансман“ (2018)

Еден од поновите филмови за кои Мартин Скорсезе вели дека му е меѓу омилените е „БлеКККлансман“ од Спајк Ли. Сценариото е базирано на вистинска случка, кога еден полицаец од Коларадо се обидува да се инфилтрира во расистичката организација Кју Клукс Кланот.
– Филмот е безбедно место. Сцените ги гледаме на големото платно од дистанца, но наеднаш на сред филм вие сте во центарот на збиднувањата. Не само што приказната е реална, туку ја гледате секојдневно со вашите очи, а нашата влада тоа го дозволува.

imbd

5. „Чејнџлинг“ (1980)

Во изборот на Скорсезе се наоѓа и еден хорор. „Чејџлинг“, од режисерот Питер Мадек.
– Тоа е уште една опседната куќа ставена на филмско платно, но изобилува со тага и лутина. Интересно е што во овој филм, хоророт се употреби за објаснување на чувството на вина – вели Скорсезе.
Токму овој филм, режисерот неколку години подоцна ќе го искористи за неговиот хорор – „Шатер ајланд“.
На листата на неговите омилени филмови се и „Шахисти“, „Граѓанинот Кејн“, „Контемпт“ и „Мртвото време на ноќта“.

imbd

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....