5.8 C
Скопје
21:57 - 12 март, 2026

НАШЕ, А СВЕТСКО: „ХОМО“ ќе се прикажува во Америка

Склучен договор за прикажување на филмот „ХОМО“ помеѓу македонската продукција „Скопје Филм Студио“ и американската „Public Media Group”

„Скопје Филм Студио”, продукциската куќа на долгометражниот филм „ХOMO“ во режија на Игор Иванов Изи, склучи договор со Јавната Медиумска Групација од САД (Public Media Group of Southern California) за дистрибуција на филмот за американскиот пазар.

фото: приватна архива

Со овој договорот, „Public Media Group“ се здобива со лиценца за прикажување на филмот на повеќе канали и медиуми. Во рамки на оваа Групација, филмот ќе биде достапен на територијата на САД на сите нивни канали, преку директен сателитски пренос и преку интернет протокол за ТВ (IPTV). Со потпишувањето на овој договор, македонскиот игран филм „ХОМО“ станува достапен за гледачите во Соединетите Американски Држави (САД).

фото: приватна архива

Овој чекор претставува голем успех за продукциската куќа „Скопје Филм Студио“, кој претставува показател за континуираната и посветена работа за третманот на продуцираните македонски филмови во форма на емитување и прикажување, не само на македонскиот, туку и на пазарите во Европа и пошироко. По серија учества на голем број реномирани филмски фестивали, “ХОМО“ својот филмски пат го продолжува на светскиот пазар и продолжува да е вистински Амбасадор на македонската кинематографија, континуирано давајќи придонес и промовирајќи го македонскиот филм во меѓународни рамки.

фото: приватна архива

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....