7.8 C
Скопје
03:36 - 2 април, 2026

„Медена земја“ влезе во трката за Оскар

Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му се новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава” и јужнокорејскиот „Паразит”.

Македонскиот документарец „Медена земја“, денеска официјално влезе во трката за Оскар, со тоа што е номиниран да го освои најпрестижното филмско достигнување и тоа во две категории – Најдобар документарен филм и најдобар странски филм, што ќе биде прв таков успех на некое остварување од Македонија.

Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му се новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава” и јужнокорејскиот „Паразит” на Бонг Јон-хо – минатогодишниот добитник на „Златна палма”, и уште седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

Доделувањето на Оскарите е закажано на 9 февруари, а македонскиот документарец веќе освои бројни награди ширум светот.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....