2.8 C
Скопје
17:02 - 22 декември, 2024

Експлицитни сцени кои им се тешки дури и на искусните актери: Оваа жена знае како да ги опушти

Постојат многу сцени кои на малите екрани изгледаат воздубливо, но ии едноставно, меѓутоа за актерите воопшто не се лесни за снимање.

Сите експлицитни сцени кои ги гледаме на филм, всушност отстапуваатод реалноста која подразбира дека тие се на работна задача.

Актерите во текот на снимањено на љубовните сцени се „во грч“, ги гледаат членовите на екипата и ги снимаат камери. Таквите околности се непријатни за многу од драмските уметници.

Дури и славните актери во некои моменти тврдат дека биле искористени, изманипулирани или пак игнорирани поради непријатните барање во текот на снимањето.

Извештајот од Холивуд наведува дека со непријатности се соочила и актерката Рут Вилсон. Таа поради тоа ја откажала својата главна улога во наградуваната серија „Афера“.

Од Вилсон било барано да се соблекува многу повеќе отколку што било напишано во сценариото, а бруталната сцена била надвор од границите.

Во екипата се нашол и неименуваниот режисер или продуцент кој го креирал овој амбиент. Кога одлучила да го напушти сетот била етикетирана како „проблематична“.

Познат е и случајот на Марија Шнајдер која како 19-годишна девојка снимала сцена за силување во филмот „Последното танго во Париз“ на Бернард Бертолучи.

Деталите за снимањето претходно намерно биле криени од Шнајдер затоа што режисерот во текот на снимањето од неа „барал да се однесува како девојка, а не како актерка“.

Ита О’Брајен е пионир во нејзиното занимање, активноста на движењето за коректни односи помеѓу актерите и продукцијата на филмските сетови и театарот.

Нејзината улога е да ги опушти актерите во текот на сетот за режисерите и продуцентите да бидат задоволни со снимениот материјал.

Едно од движењата кое ја мотивирало е „Me too“, кое се појави како последица на долгогодишни обвиненија против Харви Вајнстин.

– Сакаме да дознаеме што за актерите е неприфатливо и во договор со продукцијата да пронајдеме најдобро можно решение. Неопходно е актерот да каже „не“ доколку се чувствува загрозено. Кога работиме со актерите кои знаат дека нема да бидат искористени секако дека и експлицитните сцени ќе бидат пореални. Протагонистите се слободни, отворени и нивната опуштеност може да се забележи – објаснила О’Брајан за „News“.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....