17.8 C
Скопје
17:07 - 11 март, 2026

ЕШЛИ ГРЕАМ СПОДЕЛИ ЕМОТИВНА ФОТОГРАФИЈА СО БЛИЗНАЦИТЕ: Плус-сајз манекенката ги откри нивните посебни имиња

Откако роди близнаци во својот дом на 7 јануари , манекенката Ешли Греам се крие од очите на јавноста, уживајќи во новите членови на семејството со својот сопруг Џастин Ервин. Но, по еден месец навикнување на новиот живот како мајка на три деца, Греам ја сподели првата фотографија со близнаците.

На 10 февруари, Греам на својот инстаграм – профил им ги претстави новите членови на семејството на милиони нејзини придружници, малите Малахи и Роман, кои го направија 2-годишниот Исак поголем брат.

„Малахи и Роман. Моите момчиња беа најголемите учители и најголемите потсетници дека можам да правам тешки работи“, напиша Греам во описот на објавата, додавајќи: „Ова не беше лесно, но вреди. Сè уште можам“. Не верувам дека имам три деца… Едвај чекам да го споделам моето породилно и постпородилно патување со сите вас наскоро, напиша Ешли.

Оваа објава предизвика големи изливи на љубов и поддршка од следбениците, а некои познати личности исто така не можеа да го потиснат нивниот ентузијазам.

Шеј Мичел напиша: „Не можам доволно да ја сакам оваа фотографија“, а Синди Крафорд едноставно напиша: „Супержена!“

Сепак, се издвојува нежната порака на нејзиниот сопруг Ервин, кој напиша: „Повеќе се гордеам со тебе отколку што може да се искаже со зборови“.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....