7.8 C
Скопје
22:28 - 29 март, 2026

Ешли Греам откри дека за малку ќе умрела при породување: Едвај го запреле крварењето

Плус сајз манекенката Ешли Греам откри дека за малку ќе умрела при раѓањето на близнаците. Како што пишува магазинот Six Ashley, таа се онесвестила за време на породувањето дома и почнала обилно да крвари.

Ешли била дома кога ги дочекала своите синчиња, близнаците Малачи и Роман, кои се родени во када, пред таа да се онесвести. Манекенката вели дека потоа почувствувала „благ допир“ на образот, што значело дека некој и удрил шлаканица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Graham (@ashleygrahamtr)

Иако при нејзиното породување имало тим од вешти и обучени професионалци, а присуствувал и нејзиниот сопруг Џастин Ервин, таа само се сеќава дека одеднаш „видела темнина и нешто што личело на ѕвезди“. Кога се разбудила видела крв насекаде, а подоцна дознала дека изгубила повеќе литри крв.

„Не сакаа да ми кажат дека една од акушерките морала да ме преврти, да притисне со прст веднаш над мојата вагинална коска за да се обиде да го запре крварењето“, објаснила Ешли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Graham (@ashleygrahamtr)

Иако нејзините близнаци биле добро, манекенката останала во кревет четири дена по породувањето и не можела да оди седум дена. Останала речиси два месеци дома.

– Ми треба малку време да закрепнам и да се поврзам со мојот сопруг и трите момчиња, но едвај чекам да споделам повеќе со сите вас – напиша тогаш на Твитер.

Слични објави

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо
Се вчитува....