6.8 C
Скопје
02:52 - 31 март, 2026

Есенски накит со кој нема да згрешите (ФОТО)

Во продолжение погледнете го есенскиот накит, кој заслужува да се најде во вашата кутија.

Обетки
Дрво, пластика, метал, акрил – сите материјали доаѓаат предвид кога се зборува за обетките што ќе се носат оваа есен. Тоа ви дава неколку различни можности да експериментирате со стиловите, па сигурно следните месеци нема да ги тргнете обетките од ушите.

Препорака се долгите висечки обетки и различните геометриските облици. Златната посебно се истакнува како доминантна боја, ама нема да згрешите и ако одберете пастелни или типично есенски нијанси. Покрај тоа, обликот на срце повторно се врати во мода, што ќе им одговара на сите роматични души.

Софија Вергара
Profimedia

Алки
Бисерите и месингот оваа есен би требало да се најдат на вашите раце. Неколку округли метални алки ќе бидат идеални за љубителите на минимализмот. Белите бисери исто така претставуваат варијанта која ќе оди со сè. Добра вест за љубителите на боите е дека можат да си поигруваат со различните облици и големини на бисерите.

Ѓердани
Ни оваа есен сигурно нема да згрешите ако носите едноставни златни ѓердани на вратот, кои имаат мали украси, како на пример бисерчиња. Меѓутоа, тренд кој ќе заземе посебно место во текот на тмурните денови се ланчињата што се носат на грбот.

Instagram

Прстени
И во однос на прстените предвид доаѓаат различни материјали, како сребро, злато, полускапоцени или скапоцени камења во различни бои, форми и големини.

Před jakoukoliv sportovní aktivitou je  vhodné sundat všechny šperky.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....