10:45 - 12 ноември, 2026

Ерика Баду се тестирала на ковид-19, а резултатите ја запрепастиле: Левата ноздра позитивна, десната негативна!

Пејачката Ерика Баду ги сподели резултатите од брзиот тест за ковид-19, кој покажа дека е и позитивна и негативна на коронавирус.

„Немам симптоми. Се тестираав на ковид-19. Истата машина. Левата ноздра позитивна. Десната ноздра негативна“, напиша Баду и додаде дека лекарот пријавил само позитивен резултат. Баду тој ден се тестирала три пати.

„Ова е мојот трет брз тест за 24 часа. Ние секогаш се тестираме пред секој настап. Пред ова се тестирав двапати и левата ноздра беше позитивна, а десната беше негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, ги сакам своите пари назад“, додала подоцна таа, а и ги објавила резултатите од тестовите како доказ.

Баду додала дека се однесува одговорно, дека е во изолација и дека се чувствува добро.

Инаку, И Илон Маск неодамна објави слична работа за брзите тестови.

Извршниот директор на „Тесла“, Маск, објави дека четири пати бил тестиран на ковид-19 во ист ден – двата теста биле позитивни, а двата негативни.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....