05:01 - 3 април, 2026

Еминем ја налути јавноста: Во нова песна на „неприфатлив“ начин пее за бомбашкиот напад на концертот на Аријана Гранде

Познатиот рапер Еминем вчера сосема неочекувано им приреди пријатно изненадување на своите обожаватели со објавувањето на албумот „Music To Be Murdered By“, за кој веќе се најде на мета на критичарите.

Славниот музичар во една од новите песни на албумот, според многумина, на сосема неприфатлив начин го споменува бомбашкиот напад на концертот на Аријана Гранде во 2017 година.

Стихот од песната „Unaccommodating“ гласи: “I’m contemplating yelling ‘bombs away’ on the game/Like I’m outside of an Ariana Grande concert waiting”, што во слободен превод значи: Размислувам за фрлање на бомби, исто како да чекам пред сала за концерт на Аријана Гранде“.

Фото: EPA

Во терористичкиот напад, за време на концертот на споменатата млада пејачка во Манчестер пред три години беа убиени 22 лица.

Во таа прилика и самиот Еминем повика да им се помогне на семејствата на убиените и повредените.

Сепак, тоа не ги спречи твитерџиите да го нападнат раперот, а меѓу критичарите се најде и градоначалникот на Манчестер, Енди Бурхам.

Ова е беспотребно и доста навредливо за семејствата на сите кои се погодени од тој немил настан – рекол Бурхам, искажувајќи го своето незадоволство од новата песна на американскиот уметник.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....