23:04 - 5 април, 2026

Една од најпознатите фитнес-инфлуенсерки ја покажа неверојатната 3-годишна трансформација! (ВИДЕО)

Фитнес инфлуенсерката Тами Хемброу објавите на Инстаграм ги претвори во одлична работа. Денес има 11,4 милиони следбеници чиј е пример и мотивација, но и таа самата започнала од нула. Нејзиниот труд и тоа како се исплател, а таа покажа како изгледала пред три години.

инстаграм

Нејзината трансформација е неверојатна. Тами немала воопшто облини и мускули, со кои сега може да се пофали. Левата фотографија е од 2017 година, а десната е најнова.

„Малку мотивација. Фотографијава покажува колку далеку стигнав од таму каде што дојдов. Се ова е напорна работа и доследност. Вежбањето е голем дел од мојот живот и секогаш ќе бидам благодарна бидејќи започнав. Не се откажувајте“, порачала Тами.

Таа во еден ден собрала преку 2 милиони прегледи, а многумина коментираа дека е одличен пример на сите кои започннуваат фитнес предизвици.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....