1.8 C
Скопје
04:58 - 8 март, 2026

Еден од најбогатите луѓе во светот наводно се разведува од сопругата поради Илон Маск

Извор за Wall Street Journal тврди дека Илон Маск имал афера со Никол Шанахан, сопругата на коосновачот на Google, Сергеј Брин, кој поднел барање за развод уште на почетокот на јануари. Брин и Маск биле долгогодишни пријатели.

Аферата довела до распад на бракот?

Пријателите на двојката велат дека романсата на Маск со Никол е она што го натерало милијардерот да се разведе од неговата сопруга.

Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск ја доби ќерката со неговата поранешна девојка Грајмс, и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со поранешната извршна директорка на стартапот за вештачка интелигенција Neuralink.

Во февруари Маск започна да излегува со сегашната девојка Наташа Басет.

Брин бара старателство над ќерката

Брин, седмиот најбогат човек во светот, со проценета вредност од 93 милијарди долари, поднел барање за развод во јануари, сигнализирајќи го почетокот на еден од најскапите разводи во историјата на Силиконската долина.

Милијардерот бара и заедничко старателство над нивната двегодишна ќерка. Тој исто така бара да не се дава финансиска поддршка на поранешните сопружници.

Претходно бил во брак со Ен Војчицки од 2007 до 2015 година. Од тој брак има две деца.

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....