02:29 - 11 ноември, 2026

Ед Ширан со голема донација за болницата која се грижеше за неговата покојна баба

Instagram

Англискиот музичар Ед Ширан (29) донираше 10.000 фунти во болница која се грижеше за неговата сакана покојна баба.

За овој прекрасен гест беа искористени пари од хуманитарната организација на Ед „The Framlingham Foundation Trust “, што исто така им помага на училиштата и на оние на кои им е најпотребна помош.

Во годишниот извештај поднесен од добротворната организација се вели дека „донацијата за болницата во Алдебург е доделена за набавка на музички инструменти за рехабилитација и закрепнување на пациентите на отворено“.

– Овие пациенти се пациенти со деменција, пациенти со посебни потреби и попречености, пишува во описот.

Сега и славниот музичар се огласи:

– Имав среќа што не бев на турнеја во последните месеци од животот на баба ми и бидејќи живеев близу, можев да ја посетувам на секои неколку дена, започна Ед.

– Грижата што ја доби е неверојатна. Луѓето кои работеа таму се толку убави, сочувствителни, духовити и грижливи, додаде музичарот.

– Места како болницата Алдебург едноставно не постојат во многу делови на светот, а покрај тоа  тие се приватни и чинат многу пари, или мора да имате здравствено осигурување за да можете да ги користите, заклучи тој и уште еднаш им се заблагодари на здравствениот персонал во таа болница.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....