0.8 C
Скопје
07:34 - 25 декември, 2024

Дневен хороскоп 19.09.2019 четврток

Овен

Посоветувајте се со блиските соработници за промена на работното место. Односот со партнерот е стандарно добар. Ако сте сами, тоа нема да биде така уште долго време. Можни се проблеми со зглобовите и коските, внимавајте.

Бик

Можете подобро, а не сте ни свесни за тоа. Се чувствувате привлечни за спротивниот пол и тоа ви влева самодоверба и некоја внатрешна сила. Одморот и поголемото слободно време кое ќе го одвоите за себе ќе ви овозможи подобро да се чувствувате.

Близнаци

Со успех ќе ги решите сите горливи проблеми. Сепак, колку сте посакани и позаљубени, толку со поголем жар ќе ги извршувате нештата, па ќе дојдете и до добра сума на пари. Напнатоста и хроничниот замор нема да поминат, додека не си посветите повеќе внимание на себе си и на своите потреби.

Рак

Хронично сте незадоволни со себе и она што досега сте го постигнале. Повеќето од вас најчесто имаат разработен план да дојдат до она што го сакаат изигрувајќи помалку наивно суштество. Чувајте се од можни повреди и изгореници.

Лав

Лојални сте им на своите блиски соработници и поради тоа можете да бидете пофалени па дури и наградени. Ја сокривате вашата навистина чувствителна природа под маската на грубоста, иронијата и сарказмот. Можни се болки во вратот и грбот.

Девица

Ќе доживеете конечно олеснување на деловен план. Не се срамете да побарате помош. Солидна финансиска ситуација. Се гледа крајот на мачната врска во која сте заглавени, ве очекуваат пријатни изненадувања. Внимавајте во сообраќајот.

Вага

Можни се критики кои нема да ги сфатите добронамерно. Сепак, ќе дојде до подобрување на финансиската ситуација. Емотивно сте врзани за домот и семејството, а тоа ве прави задоволни. Обрнете повеќе внимание на храната, поради падот на имунитетот.

Скорпија

Перфекционист сте и во се што работите барате дури и најситна грешка или можен проблем. Кај вас се мора да се одвива според планот. Многу сте одговорни. Добра парична ситуација. Емотивно, многу тежок и лош период. Се ви е поважно од сопственото здравје.

Стрелец

Не ја прифаќате можноста работата да ви тргне во лоша насока. Сметајте дека една блиска личност може пријатно да ве изненади. Многу слободни Стрелци можат да најдат партнер за брак. Здравствената ситуација е оптоварена со висок крвен притисок.

Јарец

Искажувате видно незадоволство во врска со работното место. Послушајте го советот на соработниците кои имаат малку повеќе искуство. Добра финансиска ситуација. Окупирани сте со себе, па партнерот ретко го забележувате како се однесува.

Водолија

Денешниот ден ќе ви биде исполнет со среќа. Пријателите и роднините ќе ве израдуваат со некоја убава вест која кај вас ќе пробуди длабоки емоции. Периодот е поволен за преземање на поголеми обврски на работното место, бидејќи имате сила и знаење сите да ги исполните. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве промени комплетно.

Риби

Вие одлично знаете како да ги решите потешкотиите во кои се наоѓате. Во семејството можни се проблеми со младите членови. Бидете малку флексибилни, да не би дошло до сериозни судири. Можна е вирусна инфекција, подобрете ја состојбата на имунолошкиот систем.

Слични објави

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо
Се вчитува....