11:33 - 31 март, 2026

Џони Деп напиша песна за Амбер Херд премиерно ќе ја изведе следната недела на концертите во Италија

Џони Деп напиша песна за Амбер Херд и премиерно ќе ја изведе на концертите во Италија следната недела. 

Долгото судење кое предизвика голема сензација во јавноста послужило како иснпирација за глумецот Џони Деп, еден од главните протагонисти на судењето, да напише песна посветена на  поранешната сопруга Амбер Херд: песната ќе биде објавена на 15 јули и ќе биде дел од албумот „18“, на британскиот гитарист Џеф Бек.

Првиот сингл на албумот, This is a Song for Miss Hedy Lamarr, исто така е напишана од холивудската ѕвезда.

„Бев воодушевен“, рече Бек, прославен гитарист и драг пријател на Деп. „Таа песна е една од причините поради која го замолив да направиме заедно албум.“

Албумот насловен 18 излегува со заедничко учество на двајцата креативци и музичари Бек и Деп.

Освен со музички албум, Деп се враќа на голема врата и во светот на филмот како главен лик во  филмот „La Favorite“, каде ќе го игра кралот Луј XV.

Проектот, објави Блумберг, е финансиран од Нетфликс и ќе биде прикажан во кината во 2023 година, а потоа повторно ќе биде промовиран од платформата за стриминг. Снимањето се очекува да започне во текот на летото и ќе трае повеќе од три месеци на различни локации, вклучувајќи го и замокот Версај. Актерката Изилд Ле Беско ќе ја игра улогата на Мадам ду Бери, додека режијата и е доверена на Французинката (и сестра на главниот лик) Мајвен Ле Беско.

 

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....