11:52 - 5 декември, 2025

ЏОНИ ДЕП, МЕГАН ФОКС АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Кои актери не поднесуваат да се гледаат себеси на големото платно?

Покрај оние кои едвај чекаат, постојат и актери кои не сакаат да ги гледаат филмовите во кои биле ангажирани. Повеќето од овие имиња се наградувани, а некои од нив имаат еден или повеќе Оскари во својата кариера.

Меѓутоа, тие и понатаму не поднесуваат да се гледаат себеси на големото платно, бидејќи, како што велат, секогаш можат да си најдат „одредена замерка“.

Том Хенкс

Овој добитник на два Оскари вели дека гледањето на неговите филмови била „ужасна грешка“, поради што дури никогаш не ги гледал ниту филмовите „Forrest Gump“ и „Philadelphia“, кои всушност и му ги донесоа овие награди.

Адам Драјвер

Овој актер повеќе сака театар. Во една прилика рекол дека филмот не му е по толкава мерка како театарот. Ако почувствува дека една сцена ја одиграл добро, вели дека нема потреба да ја погледне.

Ал Пачино

Ѕвездата од „The Godfather“ само во една прилика изгледал свој филм, но тоа е се. Вели дека за тоа нема потреба. Знае дека одглумил добро ако тоа му предизвикало радост, доколку тоа не било случај пак, Ал Пачино вели дека се труди тоа да го заборави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Chastain (@jessicachastain)

Меган Фокс

Откако за време на едно интервју била прикажана нејзина снимка, Меган само извикала:

– Убијте ме! Сега сум постара, па кога ќе видам сцена од мене како помлада само се прашувам – Која ли е оваа девојка? Посакувам да ја прегрнам и да ја утешам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

Џони Деп

Славниот актер признал дека никогаш нема погледнато ниту еден свој филм.

– Пред многу години одлучив дека е подобро да не ги гледам своите филмови, бидејќи така не ја забележувам работата на своите колеги. Штом ќе завршите со улогата која ја толкувате, тоа повеќе не треба да ве загрижува – смета Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

Џулијен Мур

Оваа актерка не оди ниту на премиерите. Повеќе го сака процесот на создавање на филмот, отколку да го гледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Анџелина Џоли

Слично мислење како Мур дели и неодоливата холивудска ѕвезда Анџелина Џоли. Таа исто така повеќе го преферира процесот на креирање на филмот, па затоа се впушти и во режисерските води.

Џоли има погледнато само неколку од своите филмови.

Хоакин Феникс

Во 2015 година Феникс изјави дека изгледал само два филмови – „Her“ и „The Master“.

– Мислев дека ќе биде зрело ако ги погледнам за да научам од своите грешки, но сепак мислам дека тоа беше нешто што ми создаде поголеми маки – рече актерот, кој оваа година е номиниран за Оскар за мегапопуларниот филм „Џокер“.

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....