11:26 - 5 декември, 2025

Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат и уништат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

Џексон за својот живот имал многу желби, но прераната смрт го спречи во остварувањето на истите…

Починатиот крал на поп сцената, Мајкл Џексон, имал многу свои теории на заговор, но и неверојатни идеи во текот на својот живот, а сето тоа е откриено во новата книга која овие денови ја објави истражувачкиот новинар Дилан Хауард.

Фото: Инстаграм

Во извадоци од книгата на Хауард „Bad: An Unprecedented Investigation Into the Michael Jackson Cover-Up”, објавени се белешки од дневникот кој го пишувал самиот пејач.

Имено, тој тоа што го посакувал – го постигнал, а тоа е да стане „вечен“, односно негово име да биде вечно, како што се Чарли Чаплин и Волт Дизни.

Фото: Профимедиа

Тој посакувал и за време на својот живот да стане првиот милтимилијардер, бидејќи според наводите во неговиот таен дневник кој го водел, планирал да оствари заработка од дури 20 милиони долари неделно.

Освен тоа, постои уште нешто што не го постигнал, а тоа е неговата желба да направи римејк на филмот „20.000 Leagues Under the Sea” i “The 7th Voyage of Sinbad”.

Фото: Инстаграм

– Доколку не се сконцентрирам на филмот, нема бесмртност, напишал пејачот во своите мемоари кои се објавени во споменатата книга.

Покрај желата за бесмртност, Џексон имал и мрачни мисли, па така тој постојано пишувал за своите стравови дека некој сака да го убие, како и тоа дека некој ќе го уништи.

Фото: Профимедиа

– Се плашам дека некој се обидува да ме убие. Злобни се луѓето во светот. Сакаат да ме уништат и да ми ја земат издавачката куќа.

Според зборовите на авторот Хауард, книгата е напишана така што дава интимен увид во умот на суперѕвездата како зависник од дрога, додека се подготвувал последниот пат повторно да ја поврати кариерата и да ги отплати долговите, кои се зголемувале од ден во ден.

Фото: Инстаграм

Мајкл почина во 2009 година на 50 годишна возраст додека се подготвуваше за својата турнеја „This Is It”, од последици од предозирање со пропофол и бензодиазепин кои му ги дал неговиот личен лекар Конард Мареј.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пред, но и под смртта беше обвинуван за злоставување на деца, а последните обвинувања излегоа во бизарната документарна серија „Leave Neverland” од авторите Вејд Робсон и Џејмс Сафечук.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....