12:21 - 5 април, 2026

Дали Том Круз ќе биде првиот актер кој ќе снима филм во вселената? Можно е улогата сепак да му ја „украде“ руската актерка!

Според одлуката на продуцентите на првиот руски филм што ќе се снима во вселената, главниот лик сепак ќе биде жена, иако претходно беше најавено дека ќе се одржи кастинг за актери од двата пола, јави ТАСС.

Драмата наречена „Предизвик“ е заеднички проект на руската вселенска агенција Роскосмос, Првиот канал и студиото „Жолто, црно и бело“, а снимањето на Меѓународната вселенска станица е најавено за есен следната година.

Продуцентите одлучија дека за заплетот на филмот е подобро главниот лик да биде женски, иако претходно беше најавено дека ќе се одржи кастинг за актери од двата пола, објави рускиот Прв канал.

Првиот канал наскоро ќе објави кастинг во Русија, каде ќе биде избрана актерка која ќе го игра главниот лик, како и нејзина резервна копија.

Кандидатите за главна женска улога мора да имаат руско државјанство, да знаат англиски на основно ниво, а исто така мора да ги исполнуваат условите за висина (150-180 см) и тежина (50-75 кг). Жените на возраст од 25 до 45 години ќе можат да учествуваат на натпреварот. Актерката што ќе ја игра главната улога ќе мора да помине обука за астронаути и да добие одобрение од Комисијата за летови во Роскосмос.

Instagram

Претходно беше објавено дека филмот ќе го режира Клим Шипенко. Тој рече дека планира да оди на Меѓународната вселенска станица за да снима филм.

Режисерот Даг Лајман и актерот Том Круз исто така планираат да снимат филм во вселената, во капсула „Змеј“, а снимањето е најавено за октомври 2021 година.

Слични објави

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.
Се вчитува....