01:58 - 8 ноември, 2026

„Да не беше музиката, ќе бев мртов до 25 години“: Десингерица отворено за пороците и животот пред славата

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ – Десингерица откри дека музиката целосно му го променила животот и признал дека без неа не верува оти ќе доживеел 25 години.

Во интервју за „Фулскрин медија“, тој зборуваше за колегите од естрадата, пријателството со јутјуберот Бака Прасе, но и за пороците од кои, како што вели, денес е далеку.

„Не пијам, не се дрогирам. Порано имаше сѐ и сешто, денес немам време. Музиката многу ме смири. Да не ми се случеше музиката, ќе бев мртов до 25 години. Можеби и ќе пушев марихуана или ќе земев нешто, но немам време“, изјави Десингерица, додавајќи дека кариерата целосно му ги променила животните навики.

Тој истакна дека ги почитува сите свои колеги и не сака никого да издвојува.

„Со сите од естрадата разговарам. Никого не би издвоил, штом се таму, значи добро си ја работат работата. Секој се бори за себе и го почитувам сечиј труд“, рече раперот.

Десингерица откри и дека е во одлични односи со Бака Прасе.

„Јас и Бака сме навистина одлични. Постојано се слушаме, си разговараме. Навистина многу го почитувам. Не постои ништо лошо меѓу нас. Неодамна и двајцата купувавме автомобил, па малку разговаравме околу тоа“, изјави тој.

Осврнувајќи се на неодамнешните полициски контроли на неговите настапи во Црна Гора, Десингерица рече дека не гледа ништо спорно во постапувањето на полицијата.

„Луѓето си ја работат својата работа. Влегуваат, легитимираат, ја завршуваат работата и си одат. Од мене прават сериски убиец, а јас не сум направил ништо освен добра забава и добра журка“, порача раперот.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....