15:24 - 1 април, 2026

(Видео) „Човеку, зошто си бос?“: Стјепан Хаусер сними романтично видео во Венеција, луѓето му се потсмеваат

Стјепан Хаусер неодамна на Инстаграм објави снимки од Венеција, на кои со колешката, виолончелистката Џулија, изведува романтичен дует додека се возат со гондола по каналите.

Иако многумина во коментарите го пофалија нивниот настап, дел од обожавателите забележаа еден необичен детаљ – Хаусер и овој пат е бос.

Ова не е првпат музичарот да настапува без обувки. Напротив, босите стапала веќе станаа негов препознатлив белег. На социјалните мрежи редовно објавува видеа во кои свири или танцува бос – било тоа во природа, во сали за настапи или на интимни музички сесии.

На пример, во едно видео тој чекори бос низ виноград, а на својот ТикТок-профил често објавува вакви настапи, кои предизвикуваат поделени реакции – дел од корисниците ги сметаат за „тежок кринџ“, додека други му замеруваат дека премногу се експонира и дури сугерираат да му се „забрани пристап“ до платформата.

Да потсетиме, крајот на април Хаусер поттикна шпекулации за можен таен брак со Украинката Марија, откако на социјалните мрежи објави заеднички фотографии од глисер, каде двајцата позираат во бела облека.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....