11.8 C
Скопје
21:19 - 3 април, 2026

Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ ги живее најтешките денови: „Многу пати ми кажа дека ме сакаш…“

Познатиот босанскохерцеговски актер Мирај Грбиќ, на пошироката јавност препознатлив по улогата на Чомбе во серијата „Луд, збунет, нормален“, ги проживува најтешките мигови од својот живот. По загубата на својата мајка, тој се прости со емотивна објава на социјалните мрежи/

„Ти беше најдобрата мајка што некој би можел да ја посака – пожртвувана, но никогаш жртва, роден победник и водач, најсилниот ветер во грб на своите најблиски, позитивна енергија на вистинска љубов и вера, без кои брат ми и јас не би биле ни половина од тоа што сме денес“, напиша Грбиќ.

Актерот откри и детали од нивниот последен разговор, во кој неговата мајка повеќепати му кажала дека го сака.

„Ти благодарам за уште еден ветер во грб кој безусловно го даваше. Сега си слободна и сигурен сум дека си среќна, бидејќи нема болест која ќе го кочи твојот енергичен дух. Нам ни остануваат сеќавањата, поддршката и убавите зборови, и ако некаде засветка твојот црвен прамен – нека биде фатаморгана на една мајчинска љубов каква што секоја мајка треба да има“, стои во трогателната објава.

На крајот, тој ѝ упати и едноставна, но силна порака: „Те сакам!“

Слични објави

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.
Се вчитува....