13:06 - 23 јануари, 2026

БРИТНИ СПИРС ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СИТЕ ВИСТИНИ: Опра, доаѓам!

бритни спирс

Пејачката Бритни Спирс сподели видео во кое раскажува што може да направи сега кога конечно се ослободи од старателството и дека се срами воопшто да зборува за сè. Таа најави и големо интервју со Опра Винфри во кое пред целиот свет ќе ги открие сите ужаси кои ги доживеала за време на „притворот“.

БРИТНИ СПИРС Е КОНЕЧНО СЛОБОДНА: Крај на сагата со старателството долга цели 13 години

„Многу ми е непријатно да кажам дека никогаш не сум видела готовина или дека не сум возела автомобил. Се будам секој ден и прашувам како моето семејство можеше да ми го направи сето ова“, напиша таа покрај искреното видео.

 

Џејми Спирс за својата ќерка Бритни: Ја спасив од катастрофа, јавноста не знае сè

„Ќе одговорам на прашањето што постојано ми го поставувате, што ќе правам сега кога се ослободив од старателството. Многу добро прашање!“, започна Бритни притоа објаснувајќи кој е нејзиниот план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Бев под старателство 13 години, а тоа е многу долг период кога сте во ситуација во која не сакате да бидете. Искрено сум благодарна за секој ден и ме радуваат мали нешта како поседување клучеви од автомобил или купување свеќи. Тие мали нешта прават огромна разлика за нас жените“, вели Спирс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Ѕвездата истакна дека не го прави ова за да изиграва жртва, бидејќи целото детство живеела со жртви и затоа го напуштила домот и работела 20 години.

„Тука сум да бидам застапник на лицата со реален инвалидитет и реални болести, не можам ни да замислам што им направил системот на овие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае и ќе направи некои промени во корумпираниот систем“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Пејачката им се заблагодари на своите обожаватели кои ја поддржаа преку движењето #freebritney.

„Навистина ми го спасивте животот. Ќе имаме добра година и убав Божиќ, Господ да ве благослови сите“, порача Бритни Спирс.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Халид Муслимовиќ јавно му честиташе роденден: „Твојата мудрост е мој компас, а твојата прегратка мој дом“

Еспресо

(Фото) Сергеј Четковиќ со семејството на егзотична плажа: „Моите ќерки знаат дека се посвоени“

Еспресо

Сите детали од спогодбениот развод на Карлеуша и Душко: Покрај алиментацијата, Тошиќ мора да уплати 10.000 евра годишно за летување

E.A.

Преслава од Тајланд упати емотивна порака до сите обожаватели: „Вие сте моето семјество“

E.A.

Едита Арадиновиќ реагираше на своја стара фотографија направена пред сите операции: „Среќа што имам пари“

E.A.

Дневен хороскоп за 23 јануари: Одличен ден за нови проекти и идеи

apostolova
Се вчитува....