14:31 - 19 декември, 2025

БРИТНИ СПИРС искажа сомнеж за смртта на глумицата Британи Марфи, а потоа избриша сè!

Пејачката Бритни Спирс повторно активно се врати на социјални мрежи, и воопшто не се воздржува да објавува што мисли.

Неодамна постираше објава, која малку подоцна ја избриша, во која инсинуира сомнеж за вистинската причина за смртта на Британи Марфи, италијанско-американска актерка (вистинско презиме Бертолоти) која мистериозно почина во 2009 година.

„Го видов ова денес на интернет“ – напиша Бритни Спирс на Инстаграм, објавувајќи ја насловната страница на списанието „Пипл“ со фотографија од актерката на насловната страница на која пишува „Што навистина се случи со Британи Марфи?“

– „Има ли некој друг љубопитен? Таа почина на 32 години. Мммх. Знам дека тоа се случило одамна, но тие сè уште истражуваат!“ – напиша Бритни.

Британи Марфи почина на 32-годишна возраст, на 20 декември 2009 година, веројатно од срцев удар. Според истрагата, нејзината мајка ја пронашла мртва во кадата во куќата во Лос Анџелес во сопственост на нејзиниот сопруг, кој исто така набргу беше пронајден мртов.

принтскрин

 

Бритни Спирс во текот на овие месеци постојано повторуваше на социјалните мрежи дека некој ќе се обиде да ја убие, а сега пак, со објавата за Британи Марфи се обиде ја ја „разреши“ мистериозната смрт со сомежот дека некој ја убил глумицата.

Сепак, пејачката ја отстрани спорната објава по кусо време.

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го покажа домот, еден детаљ привлекува внимание

msp-admin

(Фото) Згодната Србинка на мета на критики поради ботоксот: Софија Мило нападната на социјалните мрежи!

Еспресо

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо
Се вчитува....