11.8 C
Скопје
18:31 - 17 март, 2026

БРИТАНСКИ МУЗИЧКИ НАГРАДИ 2022: Адел – музичка кралица, победници и Ед Ширан, Дуа Липа и Били Ајлиш

Вчеравечер, 8.февруари, во О2 арената во Лондон се одржаа Brit Awards 2022, на кои им се оддава почит на уметниците кои се истакнале по вештината и талентот во Велика Британија. Апсолутен фаворит на настанот беше Адел која освои три награди: најдобар изведувач, најдобар албум и најдобар сингл на годината. Победија и Ед Ширан (најдобар текстописец), Дуа Липа (Поп/Р&Б акт) и Били Ајлиш (Меѓународен уметник на годината).

И во оваа прилика Манескин, гости на вечерта, ги натераа луѓето да зборуваат за нив – всушност не запира експлозивниот успех на италијанската група, која по прикажувањето на X Factor го освои Санремо и Евровизија, а сега се тргнати да го освојат светот со својата неверојатни музика, но и со необичниот моден изглед, како овој пат кога црвениот тепих го освоија со облека од латекс.

Еве ги сите победникци на BRIT Awards 2022:

Британски артист на годината: Aдел

Британски албум на годината: 30 од Адел

Британска песна на годината- Easy On Me од Адел

Текстописец на годината : Ед Ширан

Најдобра меѓународна песна на годината: Good 4 u од Оливија Родриго

Најдобар поп / R & B акт: Дуа Липа

Алтернатива / рок акт: Сем Фендер

Најдобар танцов акт: Беки Хил

Група на годината: Волф Алис

Меѓународен уметник на годината: Били Ајлиш

Најдобар нов изведувач: Литл Симз

Најдобар британски хип хоп / рап / грајм: Дејв

Ѕвезда во подем: Холи Хамберстон

Меѓународна група на годината: Силк Соник

Слични објави

Аца Амадеус со нови шокантни тврдења: Тврди дека поранешната сопруга била приведена

Е.А.

(Фото) Сестрата на Богдана Ражнатовиќ отиде во Москва: Мами воздишки во мини здолниште и мрежести чорапи

Еспресо

Драма на бензинска пумпа, разбојник се заканувал со нож, во сè е вмешан и Аца Лукас

Еспресо

Прељубничката од концертот на „Колдплеј“ откри: „И мојот сопруг беше таму, знаеше дека сме блиски“

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо
Се вчитува....